Спасувачка драма на Шар Планина-чешки туристи пронајдени живи и здрави

Спасувачка драма со среќен крај на Шар Планина.Седум чешки туристи се спасени и пронајдени откако се изгубиле планинарејќи низ Шара.Групата тргнала кон планината пред два дена, но, вчера веќе се изгубиле низ тешкиот и непристапен терен.Повик за помош стигнал од еден од планинарите доцна попладнето,со молба брзо да се дејствува, оти еден од туристите имал скршеница на раката.Најголема заслуга во целата акција имале пожарникарите, кои со теренско возило, во месноста Лешница, ги пронашле туристите, раскажува командирот Ука Алити.

Туристите се впуштиле во авантура на своја глава,без водич,иако Шар Планина е опасна, непредвидлива и со тешки терени.Тоа е најголем проблем кај планинарите.Оваа грешка, која често ја прават странците,за среќа не ги чинеше многу чесите.

Чешките планинари сега се безбедни, повредениот е во добра состојба,но ова, велат надлежните, мора да биде поука и уште еден апел, да не се тргнува  во вакви авантури без подготовка и без водич кој добро го знае теренот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста