Спасовски не ја демантира фотографијата со наркобосовите, за него акцијата е успешна

Пропадната акција „Планина“ со која требаше да се фатат наркобосовите а не само „малите риби“ за министерот Спасовски е успешна, иако обвинителката за организиран криминал Вилма Русковски претходно оцени дека по дадена дојава избегале главните играчи. Спасовски не одговори за фотографиите на кои тој е седнат на маса со наркобосовите. Оваа фотографија ја натера јавноста да зборува гласно дека директно министерот е поврзан со наркодилерите. Ова Спасовски никогаш не го демантираше, па ни денеска.

„Прво сакам да истакнам дека оваа акција односно истрага ја следеше Обвинителството и ваква акција по 30 години каде огромен број на лица односно уапсени се дваесет и двајца и на кои им се одредени мерки тоа е успешна акција за борба против криминалот, втор ако ги погледнеме резултатите од јануари-март 2020 година и истиот период 2021 година каде  раководеа различни министри во времето на министерот од ВМРО имавме заплена од  14,8 килограми дрога, а сега 558 килограми со ова јасно се кажува каква е определбата“, вели Спасовски.

И не само тој. На фотографијата е и братот на премиерот, Вице Заев, високи полициски службеници, како седат на заедничка маса со сомнителните ликови. Иако Спасовски бега од одговор, обвинителката Рускоска сама кажа дека некој крт во МВР им дојавил на дилерите дека треба да бидат фатени, па ги спасил.

За жал како што кажав фатени се само продавачите, но Обвинителството располага со доволно докази и за наркобосовите и јас се надевам дека во брзо време истите ќе бидат фатени и изведени пред лицето на правдата- вели ВИЛМА РУСКОВСКА- обвинител.

МВР под Спасовски е целосно неспособна обвинува опозицијата, а системот не функционира. Наместо да се борат против организираниот криминал, Спасовски и Пендаровски се сликаат со најголемите претставници на велат од ВМРО-ДМПНЕ. Со ова велат од опозицијата  друштвото на врвот на власта со нарко босовите и сликите по социјалните мрежи им дава сила и влијание во подземјето.

Од Грчец лишени од слобода беа 13 лица меѓу кои и еден малолетник, девет од нив завршија во притвор, тројца во куќен притвор, за едно лице се определени мерки на претпазливост. Од Гази Баба во притвор завршија осум лица, а по едно се трага.

Од Обвинителството велат дека за сите осомничени кои не беа пронајдени при акцијата и за кои во моментов се недостапни на органите на прогонот, распишана е меѓународна потерница.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста