Спасовски: Девојчето со врзани раце и нозе е ставено во вреќа за спиење и убиено

Спасовски: Девојчето со врзани раце и нозе е ставено во вреќа за спиење и убиено

Министерот Оливер Спасовски одговарајќи на новинарски прашања изјави дека, откако Вања била грабната од пред своето живеалиште, му биле врзани рацете и нозете, било ставено во вреќа за спиење во багажниот простор на возилото и потоа е однесено на локација каде што било убиено и закопано.

На прашањето зошто барањето за откуп завршило со убиство, обвинителот Гаврил Бубевски рече дека осомничените ги фатила паника дека се следени и затоа решаваат подоцна да ги бараат парите и го убиваат девојчето.

На прашањето дали имаат информација преку кој граничен премин е избегано едно од осомничените лица, министерот Спасовски рече дека МВР има таква информација, дека е избеган заедно со неговиот адвокат. Избегани се во Белград, а потоа во Бугарија.

Бубевски рече дека во однос на инволвираноста на таткото, двајца од осомничените разбрале од таткото кога излегува девојчето од дома. Тоа се посредните докази со кои располагаме, рече Бубевски, што насочува на истрага на таткото.

-За таткото засега имаме докази дека посредно учествувал во информирањето кога девојчето ќе излезе од дома за да биде земено. Немаме сознанија дека е вмешан во мотивот за убиство. Едно од осомничените лица кажа дека информациите за девојчето ги има од таткото. Според мене, од исказите се гледа јасна хронологија на нивните дејствија, па немам сомнеж во исказите, рече Бубевски.

Министерот Спасовски рече дека засега информациите се дека избеганото лице е директен извршител.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста