Советот за етика го осуди „Фронтлајн“ на Џабир Дерала за нападите врз „Алфа“

Советот за етика во медиумите го осуди провладиниот портал „Фронтлајн“ дека го прекршил членот 1 од Кодексот на новинарите во Македонија, во текстот „Откриена шемата како медиумите на ВМРО-ДМНЕ станале унгарски пропагандисти“, каде ја напаѓа и телевизија „Алфа“- неосновано и без ниеден аргумент.

„Алфа“ реагираше до Советот на етика, од каде образложија:
-Комисијата за жалби утврди дека жалбата е ОСНОВАНА и дека Кодексот на новинарите на
Македонија е прекршен во членот 1.
Член 1: „Новинарот има право на слободен пристап до сите извори на информирање што
се од јавен интерес. Новинарот треба да објавува точни, проверени информации и нема
да прикрива суштински податоци и да фалсификува документи. Доколку информацијата
не може да се потврди, или станува збор за претпоставка, односно шпекулација, тоа
треба да се каже и да се објави. Точноста на информацијата треба да се провери колку
што е тоа можно“.- се вели во образложението на Советот.

Главен и одговорен уредник на „Фронтлајн“ е Џабир Дерала, познат активист на Шарената револуција и близок човек до владејачката гарнитура. Во повеќе наврати, Дерала атакува врз „Алфа“, но никогаш не прифати соочување во нашата телевизија каде му беше понудено да дојде со документи и докази да ги обрзложи тврдењата.

Целата одлука на Советот за етика е достапна на следниот линк:
file:///C:/Users/user/Downloads/%D0%98%D1%81%D0%BA%D1%80%D0%B0%20%D0%9A%D0%BE%D1%80%D0%BE%D0%B2%D0%B5%D1%88%D0%BE%D0%B2%D1%81%D0%BA%D0%B0,%20%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D0%B2%D0%B5%D0%BD%20%D1%83%D1%80%D0%B5%D0%B4%D0%BD%D0%B8%D0%BA%20%D0%BD%D0%B0%20%D0%A2%D0%92%20%D0%90%D0%BB%D1%84%D0%B0%20%D0%B7%D0%B0%20%D0%A4%D1%80%D0%BE%D0%BD%D1%82%D0%BB%D0%B0%D1%98%D0%BD.%D0%BC%D0%BA.pdf

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста