Бројот на заразени со Ковид 19 во Тетово загрижувачки расте, денеска осум нови случаи

Уште осум новозаразени во Тетово.Бројот на пациенти со ковид 19, изминатиов период загрижувачки расте во полошко.Најголема причини се семејните собири и непочитувањето на мерките.Епидемиолозите најавуваат вонредни скрининзи.

Како што расте бројот на заразени, тетовци се се поопуштени.Мерките речиси воопшто не се почитуваат.Не се носат маски, не се држи дистанца, а семејните собирања не запираат.

Со новите 8, бројката на вкупно дијагностицирани во Тетово се искачи на 199.Епидемиолозите стравуваат дека бројот и натаму ќе расте, особено сега со олабавување на мерките.

Милена Вучевска