Сопственик на фирма од Скопје лажел дека не бил во странство и заразил повеќе лица со коронавирусот

Сопственик на фирма од Скопје заразил повеќе лица со коронавирус, лажел дека не бил во странство, ја прекршил самоизолацијата и помогнал во ширењето на епидемијата од Ковид 19. Министерството за внатрешни работи ќе поднесе кривична пријава против маж од Карпош, кој во државата влегол на 8 март и на граничниот премин Табановце се согласил да биде во самоизолација. Но, наместо да ги почитува насоките, тој се однесувал спротивно на одлуките донесени од Владата, остварувајќи средби со неговите најблиски, а бил и во контакт со вработените од својата фирма.

ТОНСКО СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА- заменик министер за внатрешни работи: Од полициски службеници од ПС Карпош извршена е проверка извршен е и разговор со обвинетиот, при што тој изјавил дека не патувал во изминатиот период и со тоа дал лажен исказ дека нема остварено влез и излез во нашата земја. На кратко лицето Ф.К. непридржувајќи се до прописите за време на епидемија, постапувајќи несовесно и неодговорно заразил повеќе лица и со тоа допринел за ширењето на епидемијата, изјави Славјанка Петровска.

Заменик министерката за внатрешни работи соопшти и дека имало злоупотреба на дозволите за движење во текот на полицискиот час.

-Доколку постои макар еден случај на злоупотреба ќе постапиме крајно рестриктивно и ќе ги примениме сите мерки кои и стојат на располагање на полицијата. Нема да се двоумиме тие лица да ги лишиме од слобода, да побараме притвор и казна затвор, изјави Петровска

Инаку, слича ситуација како и осомничениот од скопски Карпош имаше и Нина Цаца Билјановска, сега веќе разрешената директорка на Кожната клиника, која откако се врати од зимување од Италија, наместо во самоизолација, продолжи да оди на работа, а одржа и предавање на свои колеги. Нејзиниот потег предизвика заразување од коронавирусот кај неколку вработени на Клиниката за дерматологија. Но, сепак Обвинителството се уште не презема ништо околу овој случај. Цаца Бијалновска, како што соопшти денеска министерот Филипче е пуштена на домашно лекување.

Инаку, токму во Карпош, од каде е осомничениот Ф.К. е општината каде во моментов има најмногу заразени од Ковид 19 во Скопје.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста