Соочени со фактот дека ги губат Скопје, СДСМ тргнаа со црна кампања против Арсовска

На три дена до крајот на изборната кампања реториката на кандидатите но и партиите се зострува…Во страв дека ќе се изгуби градоначалничката позиција во главниот град, СДСМ ги истури сите оружја врз независната кандидатката за Скопје, Данела Арсовска. Со низа обвинувања на нејзина сметка, но и лични навреди се обидуваат да добијат што поголем број на гласачи на своето конто. Откако објавија наводни документи за бугарско државјанство на Арсовска, од СДСМ денеска објавуваат и фотографија за бугарска лична карта. Арсовска демантира, вели згрозена е какви се небулози се изнесуваат во јавноста но и етикетите кои владејачката партија се обидува да и ги залепи.

И не само противкандидатот и премиерот и претседател Зоран Заев не одбира зборови со кои ја напаѓа една од кандидатите кои влезе во тесната трка за градоначалничката позиција. Откако сопствената кариера ја стави на коцка само да не ја изгуби власта во главниот град Заев сега вели дека Арсовска играла нечесни игри и тоа било понижувачко, па оди дотаму што бара да се повлече од изборната трка.

Во меѓувреме, ВМРО ДПМНЕ објавува информации за договори кои ги склучил досегашниот градоначалник на Скопје Шилегов за кои ветуваше дека од градската каса нема да биде потрошен ниту еден денари народни пари. Од партијата велат дека поседуваат документи кои докажуваат дека фирми блиски до Шилегов се фаворизирани од градските институции при склучување на договорите.

Во финишот на изборната кампања се интензивираат активностите на политичките партии, на митинзи и средби со граѓаните се ветува се за глас плус на контото кандидатите кои влегоа во вториот изборен круг.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста