Собрание: Не е донесен законот за игри на среќа, процедурата заврши

Собрание: Не е донесен законот за игри на среќа, процедурата заврши

Не помина Закон за игри на среќа во Собранието, кој беше ставен повторно на гласање откако претседателот Пендаровски не го потпиша указот. Гласаа 51 пратеник за, а за негово усвојување потребни се 61 глас . Од Собранието појаснија дека процедурата за овој закон завршува тука.

Според информациите кои кружеа во јавноста овој закон ќе беше  во корист на ДУИ, чија цел е преземање на бизнисот со легално коцкање. Албанската опозиција предупреди дека лица блиски до Груби се длабоко инфилтрирани во Државна Лотарија. И дека тој сака  да ги легализира претходно нелегалните постапки во Лотарија за отворање на новата видео лотарија и компаниите за онлајн обложување.

Според партиите кои не се согласуваа со законот спорни беа три моменти: Мултиплицирањето на лиценците и давање лиценци на компании во кои што Управни и Надзорни одбори членуваат лица од Кабинетот на Артан Груби. Дозволување на онлајн коцкање, што практично значи дека секој од дома може слободно да си се коцка, па и малолетниците. И една од најспорните одредби можеби беше таа што предвидува дозволи за објектите односно просторот каде игрите на среќа би биле сместени да дава министерството за финансии – повторно предводено од Демократската унија за интеграција.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста