Предизборно Дрин Ахмети се повлекува од Соравија

Предизборно Дрин Ахмети се повлекува од Соравија

А предизборно добро познатиот на јавноста внукот на Али Ахмети, Дрин се повлекува од Соравија.

Дрин Ахмети, основач и сопственик на Тор индустрис, компанијата која го купи трговскиот центар (ТЦ) Соравија во строгиот центар на Скопје, до крајот на годинава ќе се повлече од раководната функција во компанијата, соопштија денеска од Тор индустрис.

Според компанијата, нов сопственик е американската компанија Тексас американ интернешенал холдингс.одлуката доаѓа како дел од планот за транзиција на стратешкото лидерство, кој обезбедува непречено и ефективно пренесување на одговорностите на новиот менаџерски тим назначен од Американ интернешенал холдингс во Тексас.

„Интеграцијата на Тор индустрис во американската компанија претставува хармонично усогласување на вредностите и стратешките цели на двете фирми и се отвораат нови патишта за иновации, проширување на пазарот и подобри понуди на услуги за клиентите“, се дополнува во соопштението.

Оттаму најавуваат дека дополнителни детали за транзициите на раководните позиции ќе бидат споделени со јавноста во догледно време.

Компанијата на внукот на Али Ахмети беше во фокусот на јавноста откако го купи трговскиот центар Соравија во центарот на Скопје. Покрај Тор индустрис, Дрин Ахмети поседува и други бизниси. Дрин Ахмети, на 30 декември  лани година беше уапсен откако полицијата го фати со 750 парчиња петарди.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста