Mицкоски: Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ

Mицкоски: Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ


Deprecated: Implicit conversion from float 1714251608.754037 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Лага е дека со промена на Уставот, Македонија ќе биде членка на ЕУ. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицковски во интервју за Клан ТВ кажа дека однесувањето на власта кон меѓународната заедница и соседите е полтронско и поданичко однесување, а за да се изгради  партнерски однос со соседите мора да има двонасочна улица. Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, осврнувајќи се на прашањето со отворање на Уставот и ставањето на Бугарите во преамбулата вели дека тие како партија дале 3 концепти како да се реши ова прашање. Мицкоски истакна ВМРО-ДПМНЕ и покрај притисоците од страна на власта се спротивставило за насилниот обид од власта за промена на Устав.

Дури и на насилен пат да се обидеа, а не успеаја бидејќи ВМРО-ДПМНЕ рече ние ќе се спротивставиме и се спротивставиме иако притисоците беа жестоки. Се спротивставивме останавме кохерентни, обединети заедно сите затоа што веруваме во ова што го прави и направи оваа Влада е погрешно. Прво ја лажеа меѓународната заедница дека ова што го прифаќаат ќе го испорачаат, второ го лажат сопствениот народ и граѓани дека со промена на Уставот, Македонија станува членка на Европската Унија, не е така, не е точно – кажа Мицкоски.

Токму кампањата која ја тераат СДСМ и ДУИ дека сами тие биле прогресивни партии кои биле водилки кон Унијата, а сите останати, вклучувајќи ги и ВМРО-ДПМНЕ биле партии за изолација и под странски влијанија, Мицкоски вели дека тоа е само лоша пиар страгетија која нема да им донесе поен плус, бидејќи  никој не е толку наивен да верува.

„На тој начин тие се обидуваат да направат поларизација на која што ќе им се допаднат на некои центри на моќ коишто се надвор од Македонија, имајќи ја предвид агресијата која што ја направи руската држава кон Украина и имајќи ја предвид перцепцијата и мислењето во јавноста светска кон која што ние се стремиме, тука пред се мислам на Европската унија и САД и мислат дека на тој начин ќе добијат поен плус и дека додека крадат и додека ја уништуваат Македонија со едната рака со другата рака ќе мавтаат со знаменцата на ЕУ и САД. Мислам дека веќе не е никој толку наивен да паѓа на овие евтини естрадни трикови“, потенцираше Мицкоски.

Првиот човек на партијата осврнувајќи се на изборите и претседателски и парламентарни, велат главната порака на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде за подорбо утре, подобра иднина, повеќе пари за граѓаните, помалку криминал и корупција. Вели дека очекува победа на двојните избори. Најави дека изборната програма ВМРО-ДПМНЕ ќе ја промовира на 23 март.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127