Снег на повисоките места низ Македонија -ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
Во Македонија денеска има снег на планините, особено во западните и во северозападните предели од Македонија.
Снежна бајка утрово на Лабунишки Бачила, Јабланица, Струшко и на Скијачките центри, односно на Попова Шапка.
Врнежи од дожд и снег на планините ќе има и денес, како и во следните денови, особено за време на викендот кога очекуваме нови поинтензивни врнежи. На планините, особено на оние со поголема надморска височина, и особено во западните и во северозападните предели ќе се формира и снежна покривка.
Заради најавените метеоролошки промени со дожд, ветер и снег на повисоките места, ЦУК апелира на внимателност, редовно чистење на локалните одводни канали, да не се фрлаат отпадоци во нив, а таму каде што ги има да се исчистат, за да не дојде до излевање на водата од нив.
Бидејќи се очекува и силен ветар, истовремено се упатува апел да се внимава на работите што може да „одлетаат“ од градбите во населбите и особено на градбите што се во изградба, на градилиштата, треба да се обезбедат сите работи што заради ветер би паднале и би претставувале опасност за луѓе коишто се во околината. Ако се престојува на планина препорачливо е да се има доволно гориво во возилото и да се внимава на планинските патишта.
Сите итни случаи се пријавуваат на Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во ЦУК, особено кога граѓаните имаат животозагрозувачки ситуации.