Скопјанка живее во влага заради соседната дивоградба, Гази Баба одлучила да ја урива, газдата тврди „Се ќе ми се легализира“

Влага и голема материјална штета, вака живеам две години во мојата куќа во Стајковци заради дивоградбата, вели Весна Боцевска, водата од секој дожд и снег од дивото здание  завршуваат во мојот дом.

Две години талкам низ правните лавиринти за да го решам проблемот но без успех тврди Боцевска.

  • Дефинитивно проблемот започна на 24.09.2018 година. Разговаравме со сите таткото,мајката, синот, на улица. Ние му рековме вака, ако продолжиш да го градиш ние ќе те пријавиме во инспекција што и го направивме. Тие почнаа да градат на 24.09.2018 година. Јас веднаш реагирав. Со пријава, со бројче со се, во Општина Гази Баба имам и доказ. Утредента, на 15.09.2018  излезе инспекцијата на увид, ја виде состојбата, ги стопираше. Добив известување и лично соопштение се обратив до инспекторката и таа рече дека не смее да се гради на меѓа и тие треба да се повлечат во својот дом.

Според решението сопствениците требале да го урнат објектот но тоа не се случува. Од општината прво и велат на Боцевска дека ќе почекаат газдите на куќата сами да го урнат. Но таа се сомнева во градоначалникот на Гази баба.

  • За ова време додека се водеше постапката бевме кај градоначалникот Борче Горгиевски,во општина на Гази Баба. Ќе видиме како ќе го решиме проблемот, ќе го решиме проблемот, ве знам добро и вас и нив. Што е реално состојбата, не знае многу добро.  Тука застана работата, толку. Тој не сакаше ништо да стори. Ни да се стопира ни да се среди..  -вели Весна Боцевска.

Сопственикот Стојко Јовановски пак има друга приказна. Тврди дека постапката за целосна легализација за се што гради му е пред самиот крај. Гаражата е веќе легализирана, тврди тој.

  • Она што сака понатаму нека прави. Ако не е исправен објектот јас целиот ќе го срушам. Исправно е се. И за неколку дена ќе излезе . Не сме градиле две години, сега почнавме. Документите се готови..тврди Стојко Јовановски и неговата сопруга. 

Алфа побара одговор од градоначалникот Горгиевски, но оттаму молк. Нејасно е како по две решенија за уривање, сопственикот сега добива документи за легализација?

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста