Скандал во училиште во Карбинци: Наставничка уценувана да носи списоци за гласање

Скандал го тресе основното училиште „Страшо Пинџур„ во Карбинци. Наставничка која била уценувана на минатите извори од СДСМ дека мора да донесе пристапница и да обезбеди гласачи доколку сака да си го задржи работното место, сепак останала без работа. Стравувајќи дека ќе остане на улица, таа ги обезбедила списоците за вонредните избори во Штип во декември, за да на 1септември годинава да добие известување повеќе да не се јавува на работа. На нејзино место е примена сосетката на градоначалникот, која пак е на листата на советници од СДСМ за престојните избори.


Како личност  никогаш не бев партиски определена. Од мене овде во Штип од страна на директорот се бараше список на гласачи .Колку гласачи ви бараа? Десетина, петнаесетина колку можам и секако во текот на денот давав рапорт кои излегоа и кога ќе излезат. Во јануари од мене се побара члентство во партија, немав избор и прифатив –изјави Билјана Димитрова.

Како доказ ни ги достави смс пораките и преписките од вибер комуникацијата помеѓу неа и директорот.

„Во оваа папка е собрана целата неправда што ми е  нанесена„- вака Димитрова почна да раскажува за својата тригодишна голгота. Само последната година аплицирала на три огласи што ги распишало училиштето… Амбициозноста , желбата за работа високиот просек и стручноста не биле доволни за нејзината работа се озакони. За ова реагирале и од Државниот трудов инспекторат од каде што се изјасниле дека нејзината преставка е основана, бидејќи  примено е лице кое нема положено стручен испит.   

   -„Огласот во месец мај. Се јавиј јас и уште неколку кандидати. Беше примен кандидат без положен приправнички испит, со неколку месечно искуство во нашето училиште. Јас од Државниот трудот инспекторат добив одговор дека училиштето добило опомена ,треба да си ја промени својата одлука . И верувале или не училиштето ја промени одлуката на многу интересен начин . Во рок од месец дена распиша нов оглас и истата личност ја прими повторно на оглас и освен таа личност уште три други. На тој начин четириструко го прекрши одговорот што јас го добив од ДИТ„-изјави Билјана Димитрова.

   На оваа наставничка воопшто не и пречило на сопствен трошок да патува и над триесетина километри во еден правец само да ги подучува учениците во Подплачковичките села. Во даден момент имала дури и 36часа, иако по закон се 20. Предавала македонски јазик, природни науки, водела набавки на учебници, била администратор на училишната страна. Но наместо решение за работа станала жртва на  мобинг, психичка тортура, опструкции, па дури и на непристојни предлози.

„Имав опструкции, потешкотии во текот на учебната година од страна на колега. Постојано кога ќе влезев на час ќе ги пуштеше учениците на доручек и не беа присурни првите 20минути од мојот час. И за тоа имам докази„-вели Димитрова.

За сега молк за скандалот што го тресе ова училиште. Директорот бил на боледување па за случајот не секаше да коментира. Што се однесува за партискиот притисок на наставничката и порача  слободно да го тужи.  И градоначалникот на Карбинци е убеден дека постапката за вработување е кристално чиста. Одговорот за  партиските списоци го премолчи. Нејзината папка како што ја нарекува папка на неправдата има преставки, дописи и известувања од разни институции кои ќе ги достави до Народниот правобранител.

Александра Ристевска