Силјановска Давкова: Власта не може да го менува Закон за основно образование без дебата

Зборуваме за измени на Закон за основно образование и тоа е многу важно, а власта нема слух дека е потребна дебата. Да краток е периодот но треба да има дебати посебно за вака важни прашања, рече пратеничката професор Гордана Силјановска Давкова од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на собраниската дебата за почеток на стартот на учебната година за основнците.

Таа посочи дека доколку сакаме инклузивност мора да ги слушнеме сите страни.

-Видовме дека има многу домашни студии на Меѓаши, на Народниот праворбанител, на УНИЦЕФ и слично. Ние побаравме да дојдат и да ни ги соопштат воочените проблеми. Тоа недостига во овој измените на овој Закон, рече професор Силјановска Давкова.

Професорката посочи дека надлежните мора да земат предвид дека на еден начин се решаваат проблемите во Германија на друг во Македонија.

-Не може така да се поедноставуваат работите, зарем Германија и Македонија ќе ги поистоветувате, зарем можат да се спореда приликите во толку различни земји, рече Силјановска укажувајќи на несериозниот пристап на власта при подготвување на измените во Законот за основно образование кои се однесуваат на стартот на учебната година предвиден за први октомври.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста