Силјановска Давкова ќе биде мајка на нацијата: На овие избори ќе се поправи историската грешка од пред пет години

Силјановска Давкова ќе биде мајка на нацијата: На овие избори ќе се поправи историската грешка од пред пет години

Поддршката за Гордана Силјановска Давкова може само да расте до изборите. Стартната предност на кандидатката за претседател на ВМРО-ДПМНЕ, која самата има повисок рејтинг од Пендаровски и Османи заедно, е најава за нејзина сигурна победа на претседателските избори сметаат познавачите. Самото тоа што власта кандидирала веќе познати и истрошени политички кадри покажува дека СДСМ и ДУИ се свесни дека ги очекува тежок пораз на изборите, вели политичкиот аналитичар Александар Ристевски.

-Старната предност која ја има Силјановска остава простор таа истата да порасне во самата кампања, плус ако земеме во предвид и негативните влијанија на тоа што како политика го промовираа во минативе години и Пендаровски како актуелен претседател во изминатите пет години и Бујар Османи како шеф на дипломатијата. Повторното кандидирање на Гордана Силјановска Давоква мислам дека ќе биде своевидно исправување на историска неправда од пред пет години. После многу дисфункционални татковци кои ги имамве минативе 30 години, државата е спремна за мајка на нацијата, вели Ристевски за Алфа.

Наместо понуди на решенија за подобар живот, власта секојдневно се занимава со негативна и црна кампања за Силјановска Давкова. Според Ристевски самото тоа што власта која седум години е на Илинденска својата реторика ја темели на напади кон ривалот е доказ дека немаат идеи за решавање на проблемите на граѓаните.

-Малку е смешно кога ќе видите дека актуелна владејачка структура пробува да ја сатанизира опозицијата, поготово земајќи предвид дека актуелната власта е во континуитет 7 години на власт, а можеме слободно да кажеме дека носечкиот дел на таа власт веќе 22 години со исклучок на еден краток период 2006-та – 2008-ма, зборуваме за ДУИ нели како политички субјект е дел од извршната власт. Мислам дека е тоа една губитничка варијанта, мислам дека е осудена на пропаст, изјави Ристевски.

Инаку според последната анкета на ИПИС рејтингот на Гордана Силјановска Давкова од месец во месец расте. Дури 24,6 проценти од граѓаните би гласале универзитетската професорка да биде на чело на државата, додека за актуелниот претседател и кандидат на СДСМ Стево Пендаровски, се одлучиле само 14,4 отсто. За Бујар Османи 7 проценти, 5,7 за Арбен Таравари, 4,4 за Максим Димитриевски, 3,5 за Билјана Ванковска и 0,7 за Стевчо Јакимовски.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста