Сиљановска: Јавната расправа е задоцнета, експертските мислења требаше да се чујат пред да се промовира концептот за реформи во образованието

Јавната расправа за новиот концепт за основно образование е задоцнета.Таа е резултат на реакциите во јавноста откако беа заборавени професорите. Експертските ставови требаше да се чујат пред да се презентира проектот, а не потоа, смета дел од професорската фела. Особено кога владата спроведува јавни расправи со политички погодни експерти без прифаќање на критиките, непогодните претставуваат експеретски декор вели Гордана Силјановска – Давкова универзитетски професор и пратеник, учесник на повеќе јавни расправи. Како последен пример таа ги наведува дебатите организирани за уставните измени.

“Ако се сеќавате и како патуивачки политички театар одеше од град во град премиерот со својата свита,ама во свитата влегуваа и некои експерти. Денеска ќе ги препознаеме на некои важни функции”, вели Сиљановска – Давкова.

Според Сиљановска-Давкова, министерката Царовска треба да се дообразува пред да се впушти во реализација на неосмислени реформи. Професорката смета дека интегрирањето на историјата во општествените науки е неприфатливо. Таква пракса не постои во ниту една држава од регионот. Се прави демакедонизација и хуман инженериг. Акцентот се става на регионална, а не национална историја, вели Силјановска.

“Тој што ја контролира историјата ја има и сегашноста и ќе ја контролира и иднината. Или пак тој што не си ја знае историјата ќе се соочи со нејзино повторување. Објаснете ми дсали во регионот има ваков концепт каков што ќе предлага? Не. Дали во Грција не се учи историја, дали во Бугарија не се учи историја, дали во Србија не се учи историја”, истакнува Сиљановска – Давкова.

Критиките за новиот концепт кој го промовира Царовска се бројни. Од експертската јавност, опозицијата и владеачки партии. Владата уверува дека предметот историја нема да се укине. Преку јавна расправа ќе ја оправдува новата реформа.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста