Зошто Агенцијата за примена на јазикот кој го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните функционира и како Агенција за примена на јазикот на РСМ?!

Како Агенцијата за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните стана агенција за примена на јазикот на Република Северна Македонија? Зошто називот на ова владино тело, формирано минатата година во документите се разликува од она кое го има на интернет страницата на агенцијата? Дел од името на агенцијата на веб страницата потсетува на формулациите на Бугарија. Во период кога Софија го негира постоењето на македонскиот јазик и бара тој да биде именуван како официјален јазик на Република Северна Македонија. На овие прашања одговор побаравме и од директорот на агенцијата Илбер Села. Според Села агенцијата во Централниот регистар е регистрирана со краток и долг назив, а формулацијата на интернет страницата била избрана од естетски причини. Села дури и се заложи доколку ова име е причина за недоразбирања да го смени.

“Во Централен регистар агенцијата е заведена со долго и кратко име. Долгото е Агенција за примена на јазикот што го зборуваат најмалку 20 проценти од граѓаните на Република Северна Македонија, а краткото Агенција за примена на јазикот на РСМ. На сајтот се одлучивме да го ставиме краткиот назив. Но на службите ќе им кажам да биде ставено долгото име. Тоа го има во сите официјални документи на Агенцијата”, вели Села.

Министерката за образование Мила Царовска на нејзината Фејсбук страница вчера информираше за средба со директорот на агенцијата Села. Во објавата беше наведено краткото име. На прашањето на Алфа зошто с екористи оваа формулација од министерството преку порака само ни испратија линк од веб страницата. За потоа објавата на Царовска да биде сменета со долгото име на Агнецијата.

Градимир Марковски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста