Сијарто удри по Софија: Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, страшно е што го блокираа стартот на преговори

Сијарто удри по Софија: Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, страшно е што го блокираа стартот на преговори

Одвратно е она што Бугарија и го прави на Македонија, порача шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто од македонското МНР. За него е страшно што официјална Софија го блокирала писмото со кое државава требала да ги започне преговорите.

Не споменувајќи ги уставните измени, јасно кажа дека Македонија неоправдано е жртва на уцените и условувањата од Софија и дека заслужува веднаш да ги започне преговорите.

-Ова е страшно, страшно е што Бугарија го блокираше писмото кое што требаше да се испрати на Македонија пред неколку недели. Македонија е кандидат веќе 18 години и во 18-те години со кандидатски статус и да не може да започне преговорите е одвратно и тоа покажува непочитување кон земјата во ова време, изјави Сијарто.

Сијарто удри по Бугарија и околу таксата за гас, вели тоа било недозволив потег од страна официјална Софија, за што Унгарија ќе бара и санкционирање кон бугарските власти

Тоа е чекор на непријателство, акт на непријателство од страна на Бугарија. И без никакви преговори, тие дојдоа до оваа одлука и оваа одлука можеме да бидеме сигурни дека ќе ја загрози безбедноста за снабдување со електрична енергија на Унгарија, но и Македонија. Унгарија веќе е подготвена да даде соодвете и одмерен одговор во рамки на ЕУ, изјави Сијарто.

Додека Сијарто не ги ни спомена уставните измени, за нив се фати шефот на македонската дипломатија. И покрај европските пораки дека треба многу посериозно да се фатиме за подобрување на условите со корупцијата и во правосудството, за Османи главна пречка кон ЕУ ни биле Бугарите во Устав.

Европскиот напредок на земјите од Западен Балкан, ќе биде една од главните цели на унгарското претседателството со Унијата следната година, кажа Сијарто.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста