Петрушевски поднесе претставка до Судски Совет: За судија која се дрзна да осуди пратеник не треба да има место

Петрушевски поднесе претставка до Судски Совет: За судија која се дрзна да осуди пратеник не треба да има место

Судијата Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против праксата која што ја имаат домашните но и судот за Човекови права во Стразбур, осуди пратеник за искажан збор од говорница. Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски поднесе претставка до Судскиот Совет, кој според него треба сериозно да ја разгледа, бидејќи местото на вакви судии не им е во македонските судови.

  • „Неџат Мемети противуставно, противзаконски и против пресудите коишто ги има како пракса и во Република Македонија и во Европскиот суд за човекови права осуди пратеник за јавно искажан збор од собраниска говорница. Ако се дрзнал вака да осуди пратеник, може само да се замисли како суди на граѓаните во Република Македонија“, рече Петрушевски.

Пратеникот треба да плати 150 000 денари, оти на неговото работно место, Собранието, каде што пратениците си ги кажуваат своите ставови и имаат пратенички имунитет, изразуваат сомнежи, кажал нешто кое го повредило неговиот колега Мартин Костовски од редовите на СДСМ, кој потоа поднесе тужба.

Адвокатот на Петрушевски, Панче Тошковски во изјава за Алфа беше дециден дека оваа пресуда е срам за македонското судство бидејќи пратениците уживаат заштита од Уставот и законите за ставовите кажани на собраниска говорница.

  • Оваа пресуда е прва пресуда во РМ, каде што судот констатира дека пратеник може да одговара за искажано мислење, збор, во рамки на неговото работење во Собранието. Оваа пресуда е спротивна на одредбите на Уставот на РМ, со кои се дефинира дека пратениците уживаат материјален имунитет за искажано мислење. Оваа пресуда е спторивна на сите пресуди кои досега сум ги разгледувал, а кои се донесени од страна на ЕСЧП и се во контекст на уживање на имунитет на народните избраници во рамки на парламентите во рамки на ЕУ. Оваа пресуда е спротивна на духот на демократијата“, вели Панче Тошковски – адвокат на тужениот.

Тужитетелот пак, тврди дека Петрушевски не бил осуден затоа што е пратеник на опозиција и за да се замолчи, туку затоа што зборувал невистини.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста