Сијарто: Ако има мир на Блискиот исток, Европа ќе ги избегне миграциските бранови

Унгарија  ќе продолжи  да ги поддржува Соединетите Држави во напорите да се постигне мир на Блискиот исток  вели  министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Унгарскиот министер  додава дека  ако има мир и стабилност на Блискиот исток, тогаш Европа има поголеми шанси  да ги избегне новите миграциски бранови изјави Сијарто по средбите во Вашингтон.


„Унгарија продолжува да ги поддржува мировните напори на САД на Блискиот исток. Ние стоиме покрај израел и стоиме на ставот дека Израел не треба да се држи до двојни стандарди“ вели Петер Сијарто.


Унгарската влада очекува меѓународните политички организации, вклучително и Европската унија, да го поддржат планот на Соединетите Држави за обезбедување мир на блискиот исток, рече Сијарто пред разговорите со американскиот советник за Национална безбедност.

Сијарто исто така ќе биде единствениот министер за надворешни работи на ЕУ кој ќе присуствува на потпишувањето на договорите на Израел со Обединетите Арапски Емирати.

Вкторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста