Штипските музичари се закануваат дека ќе бојкотираат избори ако нема протоколи да почнат да работат

Комисијата за заразни болести под итно да се изготват протоколи за работа и за работниците во свадбената индустрија, денес од Штип побараа стотина музичари, фотографи, цвеќари од речиси целиот источен регион. Доколку не им се обезбедат услови за работа, најавија дека ќе ги бојкотираат изборите.

„И ако мислат нема корона за гласање, само за музичарите има, тогаш ние се сложивме сите музичари во Македонија, нема да гласаме“, велат тие.

Револтирни се од владината одлука со која се уште се забрануваат музички настани на отворено или во затворен простор во угостителски објект. Прашуваат како е можно да се отворат границите без да се барат тестови, а музичарите да не можат да свират.

„Како еден музичар преставува поголема опасност за гостите од келнерот во истиот ресторант“?

„Влегуваме и во петтиот месец, а веруваме дека и во шестиот месец свадбите на повеќето од вас ви се откажани. Тоа значи дека пола година сме со нула примања“.

Со громогласен аплауз тие ги поддржаа и своите колеги во Скопје кои најавуваат протести за во недела.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста