Мисајловски во посета на Старо Нагоричане- пред граѓаните им вети обнова на земјата почнувајќи од 15 јули
Носителот на Изборната единица 2 Владо Мисајловски од ВМРО-ДПМНЕ денеска е во работна посета на Куманово.
Тој освен средбите во градот оствари и средби со граѓаните од селото Драгоманце кое се наоѓа во Старо Нагоричане.
Со почитување на сите препораки и мерки против ширење на коронавирусот тој пред жителите на ова населено место ја претстави програмата на партијата и над 1000 проекти кои им се ветуваат на граѓаните во целата земја.
КАТЕГОРИИ Македонија