Шилегов и одговори на МПЦ: Верувам во Господ, а не во датуми

Во што верувате виe? Во датумот, или во Господ? Шилегов со реторичко прашање даде одговор на реакцијата на МПЦ која следеше по неговата изјава дека Божиќ ја расипува новогодишната атмосфера..

Им порача на свештениците и на останатите дека ова е прашање што секој требал да си го постави, ама немал намера да се расправа со МПЦ.

“Јас сум убеден дека тоа е мислење и на 80 проценти од граѓаните моето мислење е дека тоа треба да го правиме заедно со остатокот од цивилизираниот свет“, изјави Петре Шилегов- Градоначалник на град Скопје.

Пред некој ден градоначалникот јавно си кажа дека божиќниот пост им сметал на новогодишните славења, па затоа сме требале да го славиме пред Нова Година, односно според новиот календар на 25-ти декември. Ама на прашање на Алфа МПЦ му рекоа да не се меша во црковни работи.

Божиќ е втор најголем празник во христијанството, Црквите кои го користат грегоријанскиот календар, го прославуваат на 25-ти декември, а оние кои се водат по стариот, како МПЦ-ОА, го чествуваат на 7- ми јануари.

Македонија, Србија, Русија и Украина се меѓу последните кои се уште се водат по Јулијанскиот календар.

Симона Србиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста