Ништо од автентичното толкување, членот 11 во Законот за помилување не постои

Многу врева за ништо. Уставниот суд му даде предност на собранието, но пратениците одлучија дека немаат основа да постапуваат. Нема потреба за автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување затоа што не постои. Народните избраници не го прифатија барањето на министерката за правда Рената Дескоска.

“Барањето за давање на автентично толкување на членот 11 од Законот за помилување, поднесено од пратениците Сашко Костов и Диме Велковски не е оправдано. Затоа што и Законодавно правната комисија и Собранието како пленум не може да толкува норма која не постои”,рече пратеничката Соња Мираковска.

Мираковска изрази надеж дека Уставниот суд нема да ја врати аболицијата на Иванов, направенба врз како што рече непостоечка норма.

Опозицијата смета дека власта уште еднаш ја покажала својата правна неписменост. Една од причините за ваквата постапка според Антонио илошоски од ВМРО-ДПМНЕ е тоа шѕо власта сфати дека постои опасност од повторно отварање на судскиот процес против актуелниот премиер Заев за случајот “Глобал”.

“Сфатија дека доколку Комисијата и Собранието донесат автентично мислење и толкување дека членот 11од законот за помилување не постои тој автоматски ќе мора да стане составен дел односно да се избрише од законот за помилување од 93-та година наваму. И тоа значи дека единствениот политичар корисник на членот 11 за помилување премиерот Заев ќе немаше помилување и случајот „Глобал“ кога беше помилуван 2008 година ќе мораше повторно да се отвори”, рече Милошоски.

Законот за помилување беше изменет и дополнет во 2009 година, кога беше укинат членот 11, кој содржеше можност за помилување без спроведување на постапка. Врз основа на овој член аболиција од тогашниот претседател Бранко Црвенковски доби премиерот Зоран Заев.

Градимир Марковски

 

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста