Камчев сведочи за „Рекет“, неговата сопруга не дојде во судот, имала температура
Во Кривичниот суд денеска се појави бизнисменот Орце Камчев, кој во моментов сведочи на рочиште за случајот „Рекет“ во кој обвинети се Бојан Јовановски и Катица Јанева. Во судот не се појави неговата сопруга Ана Камчева за која Камчев рече дека имала висока температура.Судијката Васка Николовска Масевска побара на следното рочиште Камчева да донесе лекарска документација.
На обвинителната клупа се првообвинетиот Бојан Јовановски и второобвинетата поранешна специјална јавна обвинителка, Катица Јанева.
Двајцата на првото рочиште рекоа дека не чувствуваат вина, за разлика од третообвинетиот Зоран Милески кој го призна делото и доби три години казна затвор.
КАТЕГОРИИ Македонија