Шеќеринска во посета на струшкиот регион

Потпретседателката на СДСМ Радмила Шекеринска попладнево во Струга се сретна со граѓаните и ја претстави изборната програма на коалицијата предводена од СДСМ – „Можеме”.

Оние што сакаат да инвестираат во иднината, инвестираат во инфраструктурата. Инвестициите во инфраструктурата го променија на подобро животот на граѓаните, порача Шекеринска при денешната посета на струшкиот регион.

При посетата на граничниот премин Ќафасан, Шекеринска посочи дека Владата инвестирала сериозни средства во соработка со Европската унија за да обезбеди полесен транспорт, поголема размена со соедите и побрзо минување на овој граничен премин.

– Инвестираме во граничните премини заради тоа што знаеме дека тие се шанса за бизнисите полесно да можат да продаваат, полесно да можат да се развиваат и да извезуваат. Новите објекти на граничниот премин Ќафасан покажуваат колку брзо можеме да ја менуваме инфраструктурата и таа да биде во поддршка и на граѓаните, но и на македонската економија, рече Шекеринска.

Изрази задоволство што по 40 години инвестирано е во патниот правец Суво поле – Лабуништа кој е целосно реконструиран благодарение на средствата од Јавното претпријатие за државни патишта и Платежната агенција.

– Тоа покажува кога институциите соработуваат, дека навистина резултатите се видливи, нагласи Шекеринска.

Во Лабуништа е изградена и нова спортска сала, а се реконструира и училиштето.

– Ние како Влада сакавме да покажеме дека со поддршка на сите овие проекти, таа доверба се враќа и дека буквално кога сме заедно, кога си помагаме и ги прифаќаме различните потреби и размислувања, резултатите се повеќе од видливи, рече Шекеринска.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста