Семејство од Тетово бара помош за лекување за најмалото дете

Родителите на малиот Михаил од Тетово бараат помош од државата и граѓаните,за да може нивното дете да почне целосно да ја движи раката,која била повредена при породување и целосно парализирана.Досега секаде се обратиле, каде можеле се лекувале,барале помош,но веќе немаат финансии да се изборат со својата мака.

-Со тешко срце се одлулив да се обратам на јавноста, пред година и 9 месеци ни се случи една трагедија со третото дете, на породување му ја скршија раката..Немавме друг избор, се боревме колку можевме, испозаглавивме за да одиме на терапии, секаде каде дознававаме одевме, но, со финансиски средства не успеавме да го постигнеме тоа, изјави Мирослав Ристоски

Мирослав  е татко на три малолетни деца,состојбата им тешка,живеат со една плата ,оти сопругата не може да работи поради грижа за Михаил.

-Сопругата не може да оди на работа, затоа што тоа што малиот не може да оди во градинка, поради попреченост на раката.Со една плата, дали да плаќаме кредити, да двоиме за терапиите негови, да ги издржуваме и другите две деца, дополнува Ристоски

Семејството добило гаранација од белградска клиника дека раката може да почне да се движи, но потребни им се 15 000 евра, пари за лекување, кои не можат да ги добијат преку фондот.Ги молат сите кои можат да им помогнат да заврши нивната голгота, а малиот Михаил, да може конечно со двете рачиња безгрижно да го истражува светот и да му се радува на животот.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста