НАЈДОБРИТЕ МАКЕДОНСКИ КОШАРКАРИ НЕМА ДА ИГРААТ НИ СО ИТАЛИЈА, НИ СО ЕСТОНИЈА

Иако имаше најави дека во текот на денот ќе игра, а за 24 часа ќе има два меча, македонската машка кошаркарска репрезентација сепак, нема да ги одигра мечевите со Италија и Естонија од квалификациите за Европското првенство што во балонот во Талин беа закажани за вчера односно утре. Двата денеска се откажани, а причина за одлуката на ФИБА беа тројцата позитивни во нашиот табор, Трајковски, Вајли и Младеновски, но и опасноста од нови заразени во нашиот табор по дополнителните тестирања направени вчера. Црвено жолтите ќе се вратат дома, а во текот на следната година, најверојатно во февруари ќе ги одиграат овие средби во кои бараме изненадувања и нов пласман на завршница од Европското првенство. Балонот инаку вчера тргна со поразот на домаќинот Естонија од Русија Русија со 84-56, а за сега стои најавата и за мечот утре меѓу Италија и Русија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста