Се затвора фабриката „Пејпер Мил“ во Кочани

Неизвесна е судбината на 120 врработени во фабриката за хартија Пејпер Мил  во Кочани. Тие  утринава добиле известување од денес да не доаѓаат на работа. Производствениот процес целосно се стопира. Работниците се уште не се отпуштени. Се чека на конечна одлука од бугарскиот инвеститор.

  Одлуката привремено да се затвори фабриката е донесена вчера, а причината за затварањето е што нема исплатливост за понатамошно работење ако како реагенс се користи метан, како што им е наложено од Инспекторатот, информира раководството. Тие реагираат и на фактот што Инспекторатот во предвид ги зема само негативните резултати, а не и анализите од другите две лабаратории кои покажале дека со користењето на палети се движат во граници на предвидените вредности..

За кочанските еко-активисти ваквата одлука на менаџметот е очекувана.

 

„Секако ни е жал,сигурно не мислите дека ние сакавме да се затвори фабриката , но тие најавуваа уште при првото мерење на Инспекторатот дека доколку добијат одлука да работат на метан, тие ќе ја затворат фабриката . сега претпоставувам дека донеле таква одлука . апелираме тие да најдам соодветни филтри како што им беше наложено . Да направат фабриката да не загадува и сите луѓе да се вратат на работа„- изјави Зоран Тодоров, од Грин-орг

Во изминатиот период фабриката беше посочувана како една од најголемите загадуачи во КОчани. Беа организирани и масовни протести, а еко активистите тогаш се заканија  со барикади пред капијата доколку и понатаму  фабричкиот оџак продолжи  да го загадуват воздухот. Во декември минатата годна Државниот инспекторат за животна средина и изрече казна од 20.000евра, нареди работниот процес исклучиво да се одвива на метан, а до  средината на февруари да се вгради филтер со кој ќе се регулира испуштањето на штетни емисии во воздухот. 

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста