Извештај на Full Fact: предизвиците на проверка на факти онлајн

Full Fact, независна добротворна организација за проверка на факти од Велика Британија и партнер за проверка на фактите генерирани од трета страна на Facebook, изврши истражување за главните предизвици со кои се соочуваат проверувачите на факти ширум светот при онлајн наоѓање и проверка.

Извештајот Предизвиците на проверка на факти онлајн: Како технологијата може (и не може) да помогне (The Challenges of Online Fact Checking: How Technology Can (and Can’t) Help), се базира на интервјуа со деветнаесет проверувачи на факти низ целиот свет и вклучува идеи за помагање во решавање на некои од најчестите предизвици, со фокус на партнерства со технолошки и интернет компании.

Како дел од ова истражување, програмата на Facebook за проверка на фактите генерирани од трета страна се базира на 3 прашања, што содржи оваа програма, што се случува доколку извесна вест е оценета како лажна и каква содржина може да се провери од страна на 3PFC.

Програма на Facebook содржи соработка со независни проверувачи на факти од трети страни (3PFC) кои ја прегледуваат и оценуваат точноста на информациите и изјавите. Овие партнери се овластени преку непартиска Меѓународна мрежа за проверка на фактите (International Fact-Checking Network) при што мораат да го следат Кодексот на принципи на IFCN (Code of Principles). Кодексот на принципи вклучува низа обврски до кои организациите мора да се придржуваат за да се промовира исклучителност при проверка на фактите: непартичност и правичност; транспарентност на изворите; транспарентност на финансирање и организациите; транспарентност на методологијата; отворена и искрена политика за корекции.
Откако партнерот од 3PFC извесна информација оцени како лажна, изменета или делумно лажна, Facebook реагира на начин што ја прикажува сѐ подолу во News Feed. Наоѓањето е отежнато и на Инстаграм со филтрирање на Explore и hashtag страните и спуштање на истата подолу на Feed. Покрај тоа, содржината низ Facebook и Instagram која е оценета како лажна или изменета е истакната со соодветна ознака за корисниците да можат подобро да одлучуваат што да читаат, веруваат и споделуваат. Овие ознаки се прикажани на лажни и изменети фотографии и видеа, вклучително и на содржината од Stories на Instagram и се поврзуваат со проценката од проверувачот на факти. За содржина оценета делумно како лажна или на која ѝ недостасува контекст, се применува ознака за предупредување со помала тежина (lighter weight).
Додека пак, страниците и домените кои постојано споделуваат лажни вести, исто така, ќе добијат намалена дистрибуција и ќе се отстрани можноста за монетизација и рекламирање. Facebook испраќа известувања до корисници и Администратори на страницата, доколку се обидат да споделат информација, или споделиле некоја претходно за која се утврдило дека е лажна.
Во однос на содржината што може да се провери, фокусот на оваа програма за проверка на фактите е идентификување и адресирање на вирални дезинформации, особено јасни измами кои всушност немаат основа. Партнерите за проверка на факти за приоритет имаат докажано лажни тврдења, особено оние кои се навремени или трендовски и важни за просечниот корисник. 3PFC ги анализира сите видови содржина, вклучително фотографии и видеа.
Стратегијата за спречување на дезинформациите на Facebook има три дела, а програмата 3PFC е само еден дел од неа. Како прв дел е отстранување на профилите и содржината што ги кршат Community Standards, кои ја применуваат безбедноста на платформата. Само во третиот квартал на 2020 година отстранети се 1,3 милијарди лажни профили. Се отстранува и сузбивање на гласачки права или каква било дезинформација што може да предизвика насилство во реалниот свет или непосредна штета. Вториот дел се однесува на намалување на дистрибуцијата на содржина што не ги крши стандардите (Community Standards), но сепак е со низок квалитет, па затоа помалку корисници треба да ја гледаат. Во овој дел се соработува со 80 партнери за проверка на фактите ширум светот кои покриваат над 60 јазици. Кога ќе означат некоја содржина како лажна, Facebook веднаш ја намалуваме нејзината дистрибуција. Исто така, ја намалува дистрибуцијата и на други несакани (spam), сензационални содржини како clickbait и engagement bait – што може да се категоризира како дезинформација. Третиот чекор е информирање на корисниците давајќи им поголем контекст за да можат сами да одлучуваат што да читаат, веруваат и споделуваат. Кога една објава е оценета како лажна од страна на проверувачите на факти, Facebook додава ознаки за предупредување за корисниците кои ја гледаат објавата, се обидуваат да ја споделат или веќе ја споделиле. Копчето за контекст (context button) обезбедува информации за изворите на објави, кои корисниците ги гледаат на News Feed, а исто така дава до знаење кога одредена објава која сакаат да ја споделат е постара од 90 дена.

Повеќе информации за целосниот извештај може да добиете на линкот.
Корисни линкови
3PFC програма: https://www.facebook.com/journalismproject/programs/third-party-fact-checking
Меѓународна мрежа за проверка на факти (International Fact-Checking Network): https://www.poynter.org/ifcn/
Кодекс на принципи на IFCN (IFCN’s code of principles): https://ifcncodeofprinciples.poynter.org/
Упатства за процесот на апликација (Application process guidelines): https://ifcncodeofprinciples.poynter.org/process

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста