ИДФ: Хамас нема повеќе контрола на северот во Газа, 50 илјади луѓе го напуштија градот
Милитантите на Хамас ја изгубија контролата над северниот дел на Појасот Газа, соопшти портпаролот на израелската одбрана Даниел Хагари, додавајќи дека 50 илјади луѓе преминале на југот на таа област.
„Видовме 50 илјади жители на Газа како се движат од северниот дел на Појасот Газа кон југ. Тие си заминуваат затоа што сфатија дека Хамас ја загуби контролата врз северот, рече Хагари на брифингот со медиумите.
„Како дел од активностите на копнените сили во Појасот Газа, војницте работат на откривање и уништување на тунелите на Хамас, а од почетокот на борбите, уништени се 130 тунели“, потврди Хагари и додаде дека израелските сили „продолжуваат да го продлабочуваат нападот“ врз градот Газа и нанеле значителна штета на воздушните и поморските сили на Хамас.