Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари

Сарамандов: Во општина Гевгелија се гради нов пазар, спортски објекти, парк како и изградба на булевари


Deprecated: Implicit conversion from float 1714247400.913515 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Денес извршивме увид во градежните активности на повеќе локации на територијата на општина Гевгелија. Најпрво бевме во Миравци каде што пред неколку дена започнаа изведбените работи за новиот пазар кој таму се гради. Потоа го посетивме населеното место Негорци каде што во завршна фаза е реконструкцијата на спортското игралиште во рамките на основното училиште Ристо Шуклев во ова населено место и младите тука добиваат еден прекрасен спортски објект и учениците но и рекреативците од ова населено место, рече градоначалникот на Општина Гевгелија, Андон Сарамандов.

  • „Исто така во градот Гевгелија го означивме и завршувањето на реализацијата на проектот Модерен урбан парк кој се простира на 6.000 метри квадратни во Гевгелија и прв ваков парк од ваков тип во нашиот град, кој се надeвaм во иднина ќе го чуваме, а во моментот сме на проектот улицата Св. Климент Охридски или попознат кај гевгеличани, Западен булевар“ рече Сарамандов.

Уште на почетокот на мојот мандат најавив дека овој проект е најзначаен и е приоритетен од причина што транспортните возила создаваат голем сообраќаен метеж во централното градско подрачје, потенцираше Саманданов.

  • „Овде е завршена првата фаза, значи пробивање на булеварот, а пред неколку дена заврши и втората фаза со поставување на подземната инсталација, поставена е водоводна линија, фекална и атмосферска канализација, а во текот на 2024 година ќе се пристапи и кон поставување на тампонтна зона, асфалт и ивичњаци со што овој значаен проект конечно ќе биде пуштен во употреба до крајот на 2024 година“ рече градоначалникот на Гевгелија.
КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127