Ќе ни се удрат ли од глава скандалозните измени на Кривичниот законик на патот кон ЕУ?

Ќе ни се удрат ли од глава скандалозните измени на Кривичниот законик на патот кон ЕУ?


Deprecated: Implicit conversion from float 1714258658.218418 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Измените на Кривичниот законик што се изгласаа во септември и со нив се избриша делото злоупотреба на службената положба при вршење на јавна набавка, а со тоа на поранешни функционери им застарија делата и се спасија од затвор, се коси со европската директива за борба против корупцијата. Овој заклучок произлезе на денешната сесија на работната група што работи на Националната конвенција за Европска унија во Македонија.

Професорката од Правниот факултет Александра Деаноска Трендафилова порача дека надлежните мора да смогнат сила и што побргу да донесат нови измени на КЗ, а не да го чекаат финалниот бидејќи според ЕУ директивата, казните за злоупотреба на службената положба се зголемуваат во европските земји, а Македонија ги намали, па и укина.

Имено, искуството на Хрватска за преговоите со ЕУ во однос на владеењето на правото покажува дека забрзаниот интеграциски пат бара неодложување и носење на важни одлуки, иако тие понекогаш се тешки, вели Кристиан Туркаљ, главниот преговарач на Хрватска со ЕУ во однос на поглавјата за правосудството, слободата и безбедноста. На политичката елита во Македонија и порача да не чека и што побргу да ги донесе одлуките, зашто само така земјата нема да стагнира туку забрзано ќе ита кон ЕУ.

Европската унија постојано врши мониторинг на имплементацијата на владеењето на правото не само на своите членки туку и на земјите кандидатки и на оние кои се далеку од влез, но преферираат да станат дел од европското семејство. Во Македонија нема правосилни пресуди за корупција и тоа директно влијае на нискиот порцент на доверба во правосудството и изостанок на борба против корупција, заклучија членовите на работната група.

За Измените на КЗ, загриженост изрази и Европската Комисија која констатираше дека  имаат импликации врз примената на застареноста и влијаат на голем број случаи на корупција на високо ниво.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 127