Рочиште за 27-ми Април: 17 поранешни и сегашни функционери на ВМРО-ДПМНЕ сведоци на одбраната

17 поранешни и сегашни функционери на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ денеска се појавија во скопскиот кривичен суд како сведоци на одбраната за случувањата од 27-ми април. Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкуловска рече дека ВМРО-ДПМНЕ не била организатор на протестите на 27-ми април.

– Партијата никогаш не излезе со формален став за ова движење. Исто така одлука на Извршниот комитет, во кој бев член, за поддршка на протестите не беше донесена – рече Јанкулоска.

Во сведочењето Јанколоска додаде и дека Спиро Ристовски никогаш не бил член на ниту едно партиско тело и дека Миле Јанакиевски немал никаква комуникација со општински комитети поврзани со протестите. Како сведок на одбраната се појави и поранешниот министер за здравство Никола Тодоров кој пред судот рече дека настаните на 27-ми април нанеле штета за сите, физички за СДСМ, а политички за ВМРО-ДПМНЕ, а како аргумент  откри дека тогаш имало и разговори за широка коалиција помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ.  По неговата изјава се огласи и премиерот Заев . Тврди оти со него тогаш не е разговарано за широка коалиција, туку можеби со некој друг. 

Како сведок се појави и Даниела Рангелова, која во периодот 2016 и 2017 година беше претседателка на Унијата на жени и член на Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, како и пратеничка. Рангелова тврди дека не присустувала на ниту една седнцица на партијата на која се дискутирало за организирање на протести.

Дека партијата не учествувала во организација на протестите потврди и Игор Јанушев, кој тогаш го раководеше ЈСП Скопје. Јанушев вели дека од 27-ми април добил само Зоран Заев. 

  • Единствен кој што доби од тие сите несакани настани од 27-ми е Зоран Заев. Така да, ниту некој ме комуницирал ниту на било кој начин побарал од мене во тој период додека бев директор на ЈСП Скопје на било кој начин да учествувам, бидејќи едноставно такво нешто во тој период не се случуваше- рече ИГОР ЈАНУШЕВ – ВМРО –ДПМНЕ.

Обвинителката Вилма Рускоска пак за исказите на сведоците на одбраната вели дека се сложува во еден дел, само дека нема пишан документ дека партијата ги организирала тие протести.

  • Обвинителството достави и материјални и вербални докази дека всушност тие ги организираа протедтите дотолку повеќе што во дополнување на доказна постапка овие тврдења на Обвинителството со нови докази ќе бидат потврдени – рече ВИЛМА РУСКОСКА – ЈАВЕН ОВБИНИТЕЛ.

Одбраната смета дека со исказите на сите нивни сведоци се докажува дека партијата а со тоа и обвинетите не учествувале во организацијата на настаните.

Претседатели и членови на општинските комитети во Прилеп и Кичево кои денеска сведочеа тврдат дека и тие никако не биле дел од организација.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста