„Рецикл еко старт“ и покрај кривичната пријава доби интегрирана дозвола за преработка на тежок отпад

„Рецикл еко старт“ и покрај кривичната пријава доби интегрирана дозвола за преработка на тежок отпад

Компанијата „Рецикл Еко Старт“ која доби кривична пријава од Државниот инспекторат за загрозување на животната средина со опасен отпад, ќе може повторно да работи со посебна интегрирана дозвола која ја доби од Министерството за животна средина.

Рецикл еко старт беше фатена како третира опасен отпад со олово, бакар, кадиум и други тешки метали, која го складирала на плац во селото Орман во Ѓорче Петров. Таму го трупала шест месеци, а во криминалната шема биле вклучени неколку фирми и физички лица.

„Рецикл еко старт“ покрај кривична пријава, доби и забрана за работа од 90 дена.

Првиот човек на Државниот инспекторат Сретен Стојковски, објасни дека доставил забелешки до министерството за животна средина, за одлуката да и се даде дозвола на компанијата, со оглед на поднесената кривична пријава. Стојковски вели, дека ингеренциите на инспекторатот на чие чело е, завршиле со поднесувањето на пријавата против Рецикл Еко старт.. Единствено што може да направат е да достават дополнителни докази до обвинителството и тоа ќе го стореле во наредните денови.

За да и ја додели интегрираната дозвола на Рецикл Еко старт за министерството за животна средина било доволно што компанијата направила посебна инсталација и базен каде што безбедно ќе го преработува опасниот отпад..

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста