Расте црниот биланс од пандемијата на коронавирусот

Расте црниот биланс од пандемијата на корона вирусот. Според најновите информации, 6 лица починале, а 54 се новозарзаени во последното деноноќие.

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починаа 4 пациенти на возраст над 60 години, од кои двајца пациенти од Лабуништа, еден пациент од Прилеп и еден од Куманово.

Во болницата „8 септември“ починале 2 лица, пациент од Велес (67г) и пациент од Куманово (59г). Со два негативни теста и во добра општа состојба од Инфективната клиника се испишани 10 оздравени пациенти, а регистрирани се и 32 оздравени пациенти (12 од Дебар и 20 од Скопје) кои се лекувале во домашни услови.

Вкупната бројка на заразени изнесува 908 лица. Од 54 те нови случаи најмногу се во Куманово 25, 13 во Скопје, Штип -1, Прилеп -10, Тетово -1, Велес -2, Гостивар -1, Кичево -1. Според местото на живеење, досега најголем број заболени се регистрирани во Скопје – 329 и Куманово – 236.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста