И секретарката на градоначалникот на Чешиново – Облешево заболена од Ковид 19

По градоначалникот и секретарката на општина чешиново-Облешево позитивна на Ковид-19. Информацијата ја потврди и градоначалникот Горанчо Крстев. Со новиот случај бројот на заболени во оваа мала општина се искачи на 5. Се чекаат резутати за останатите вработени. Денес во телефонски разговор рече дека во недела му истекува решението за самоизолација и за во понеделник му е закажан втор контролен тест. Затворањето на општинската зграда нема да преставува хендикеп за граѓаните

Минатата среда екипата на Алфа ја посети општината. Уште тогаш  жителите   стравуваа дека нивната општина може да биде потенцијално жариште.

Се шпекулира дека во изминатиот период градоначалникот покрај контактот со вработените во Локалната самоправа, имал контакт и со вработени во неговата транспортна компанија. Ваквите обвиниувања Крстев ги отфрли, но рече дека денес се тестирале двајца вработените во неговата компанија.

Крстев се заболел од корона, откако на 23март бил на шишање, а дури десет дена подоцна разбрал дека фризерот кај кој бил е позитивен на вирусот .

 

Александра Ристевска 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста