Дука за Алфа: Коронавирусот направи пустош во Дебар, но верувам дека ќе биде подобро

Коронавирусот направи пустош во Дебар, буквално граѓаните преживуваа, не живееја, но верувам дека наредниот период ќе биде подобро. Ова во интервју за Алфа го изјави градоначалникот Хекуран Дука, кој е оптимист дека ќе биде подобро, иако КОВИД-19 во градот направи сериозни последици посебно во економијата.

– Безбедносната состојба на подрачјето на општина Дебар е добра. Деновиве не се забележани никакви проблеми во однос на владините мерки. Им благодарам на граѓаните за нивното совесно однесување зашто само со строго почитување на мерките и препораките побрзо ќе ја надминеме оваа состојба, рече за Алфа градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука.

Првиот човек на Општината е свесен дека кубурат со медицински кадар, но благодарение на лекарите од Скопје кои дотрчале на помош, болницата работела малку подобро.

Градоначалникот на Дебар, рече дека во вакви ситуации се гледа дека знаеме, умееме и можеме да се справиме со овие тешки предизвици.

Во Дебар и Центар Жупа сега на сила се мерките кои важат за територијата на целата држава. Тоа значи дека повеќе не важи забраната за влез и излез од овие две општини.

Во Општина Дебар, неколку денови по ред нема новозаразени лица со КОВИД-19.

Борис Грујоски разговараше со Хекуран Дука.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста