Рама си ја „присвои“ Лешница

Албанскиот премиер доцна синоќа на својот официјален Фејсбук профил објави слика од Република Македонија, поточно од Кривошијска река на Шар Планина и пределот познат како Лешница, претставувајќи го како една од убавините во Албанија.

„Преубавата Албанија. Кањонот на Лешница“,напиша Рама на својот ФБ профил и постави фотографија од прекрасните водопади на реката Лешница на Шар Планина.

По ова социјалните мрежи се разгореа, а многумина и под фотографијата започнаа да му упатуваат жестоки коментари на албанскиот премиер.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста