Унгарската влада пред одлука за проширување на граничната контрола на Шенген зоната

Унгарската влада денеска треба да одлучи дали ќе ги продолжи сегашните контроли долж границите на Шенгенот зоната за  ограничување на епидемијата на коронавирус  , изјави официјалниот претставник на оперативниот одбор за координација на мерките  за Ковид 19 Роберт Кис.

Тој истакна дека владата одлучила повторно привремено да воведе контроли по целата граница на Шенген, со вклучување на 127 премини, како и пет за меѓународен транзит.

Во меѓувреме  премиерот Виктор Орбан рече дека затворањето на границата е сè уште потребно бидејќи е од клучно значење во спречувањето на епидемијата.

Сесилија Милер на прес-конференцијата изјави дека динамиката на епидемијата се сменила поволно, истакнувајќи дека бројот на нови случаи повеќе не се зголемува брзо. Додека пред еден месец бројот на нови инфекции се зголемил за три пати од една во друга недела, во последните денови се зголемил за само 2 проценти.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста