Пронајдено 45-то тело во изгорениот автобус во Бугарија при дополнителен преглед

Уште едно тело е пронајдено, при дополнителен преглед на автобусот, кој изгоре, на магистралниот пат „Струма“, во Бугарија. Станува збор за дете, потврди за „БНТ“, заменик-главниот обвинител, и шеф, на Националната истражна служба – Борислав Сарафов. Оттука, бројот на жртви, во тешката сообраќајна несреќа, е  45, како што првично беше соопштено, додека 7 лица, се спасени. На прес-конференцијата, вчера, Сарафов изјави, дека биле пронајдени 44 тела, и наведе, дека единствената опција е еден од патниците на списокот, да се прекачил во друг автобус..

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста