Се очекува Комисијата за заразни болести да расправа и за мутацијата омикрон, лекарите со предупредување за воведување нови мерки

Се очекува Комисијата за заразни болести на денешниот состанок да расправа и за новата мутација на коронавирусот, која се нарекува Омикрон.

На седница на Владата, пак, утре треба да се одлучува за новата предложена мерка за финансиска стимулација на матичните лекари, доколку бројот на нивните вакцинирани пациенти против ковид-19 надмине 70 проценти.

Во Македонија според последните податоци, има 8.398 активни случаи на Ковид-19.

Лекарите пак предупредуваат дека нема да можеме да го спречиме омикрон да влезе во Македонија, бидејќи премногу брзо се шири, но со апел до здравствените власти да воведат мерки со што би добиле на време за да дознаеме повеќе за новиот сој.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста