Прифат на бегалци од Авганистан – хумана мисија на владата или оправдан сомнеж за крајните намери?

Какви ветувања дала македонската влада за приемот на првичните 650 бегалци од Авганистан? Откако премиерот Зоран Заев веќе кажа дека од нас никој не побарал, туку ние сами сме се понудиле да примиме Авганистанци, останува отворено прашањето каква ресоцијализација ќе добијат оние кои ќе бидат сместени во капацитетите низ Македонија. Ваквите прашања ги упативме и до владината прес служба, побаравме и одговор дали од Илинденска има ветувања за вработување на оние кои ќе пристигнат и школување за децата..одговор не добивме. Засега единствено владата најави покривање на прошоците за транспорт од аеродромот до хотелите.

И додека македонската влада оди со тезата дека влегуваме во мировна мисија на кој требало да бидеме горди без да ги каже конечните намери, Албанија веќе отворено кажува дека на Авганстанците ќе им понуди политички азил, откако веднаш по пристигнувањето, ќе им биде дадена дозвола за престој, пренесува „Топ Чанел“. Премиерот Еди Рама, изјави, дека неговата земја, ја отвора вратата, за најмалку – 3 илјади авганистанци.. Тие ќе бидат сместени, во студентскиот центар во Тирана, како и во хотели – во Драч и Берат..

Македонија сама се нуди, а околните земји веќе наголемо преземаат мерки да ги заштитат своите граници.. Грција, ја завршила изградбата на ограда, долга – 40 километри, на границата со Турција, и поставила нов систем за надгледување, со цел, да се спречи мигрантски бран, како во 2015-та година..

И Турција нема намера, да стане европско складиште за мигранти, како што најави претседателот Ердоган. Австрија пак не сака ниту за чуе за прием на бегалци. Канцеларот Себастијан Курц категоричен – доволно лица биле примени со мигрантската криза.Потенцира дека тие лица треба да се задржат во регионот , споредбено посочува дека во соседните земји на Авганистан, Туркменистан и и Узбекистан се примени по 14, односно само 13 лица.

-Јасно сум против тоа доброволно да прифатиме уште луѓе и тоа нема да се случи додека сум канцелар. Мислам дека не треба да прифатиме уште луѓе. Сосема спротивно, Австрија даде несразмерно голем придонес, вели Курц.

Според информациите на Заев, во Македонија треба да пристигне локално население од Авганистан – вработени, жени и деца, од семејства на вработени, во хуманитарните и миротворните меѓународни мисии во Авганистан. Во регионот освен земјава, Косово и Албанија, бегалци од Авганистан треба да пристигнат и во Словенија но само 14 на број , Србија Црна Гора нема да примат ниту еден.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста