Даштевски за Алфа: Очекувам конечно успешен изборен процес во октомври

Од денеска почнува увидот во избирачкиот список за локалните избори а ќе трае до 9 септември. Во овој период списокот ќе биде апдејтиран со нови податоци што ќе се користат на денот на изборите. Но дали проблемот со издавањето на личните карти ќе влијае и на конечниот изглед на избирачкиот список? Претседателот на ДИК Александар Даштевски во интервју за Алфа очекува конечно успешен изборен процес и спроведување на мотото еден гласач- еден глас. Дополнително најавува дека Комисијата за овие избори обезбедува и подобри услови за лицата со посебни потреби и нивниот пристап до избирачките места.

Интервјуто го води Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста