Протест на ССМ пред Врховен: „Ако властите влезат во нашиот дом, ние ќе влеземе во нивниот“

Протест на ССМ пред Врховен: „Ако властите влезат во нашиот дом, ние ќе влеземе во нивниот“

Доколку инситуциите влезат во нашиот дом, ние ќе влеземе во нивните. Сојузот на синдикати на масовен протест пред Врховниот суд побара поништување на одлуката со која им беше Работничкиот дом, односно зградата на ССМ во центарот на Скопје.

„Ќе ги превземеме истите работи како и тие, доколку влезат во нашиот дом, ќе влеземе во нивните домови, доколку го земат нашиот дом, ќе ги земеме нивните домови. Ние друг избор немаме, отстапка назад нема да правиме. Ние сме доведени до ѕидот, а до ѕидот се знае што се прави, се гази само напред и само право“, рече Слободан Трендафилов, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија.

Од ССМ велат дека нема да се откажат, тие го граделе домот и тие мора да стопанисуваат со него. Објаснуваат дека објектот е направен уште во 1958 година со пари од работниците и никој освен нив нема право на него.

„Сите дојдоа да им покажат жолт картон на овие судии, дојдоа да им покажат дека треба да се одважат, да се охрабрат, да донесат нова пресуда со која ќе ја укинат срамната пресуда и ќе го вратат Работничкиот дом на работниците“, рече Трендафилов.

Синдикалците бараат поведување на дисциплинската одговорност за тројцата судии на Врховен кој одлучија дека зградата е на државата, а не на синдикатот. Очекуваат нова пресуда базирана на нови докази кои ги доставиле, а најавуваат дека ако треба ќе се жалат и пред судот во Стразбур.

Протестот кој започна од пред спорната зграда, а заврши пред Врховниот суд е прв од серијата што ја најавува ССМ. Повторно на улица излегуваат на 8 април и традиционално на 1 мај кога ќе побараат подобри услови за сите работници и прилагодување на сите плати во согласност со растот на минималецот.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста