Преспанското Езеро се суши од ден во ден, власта нема никаков план

Преспанското Езеро исчезнува пред нашите очи. За само една година паднало за дополнителни 20 см, денешните мерења покажуваат 5.4 метри под минималната кота, а изминатите две децении водата е намалена за дури три метри во висина.

Власта засга нема план за спас на второто по големина езеро во Македонија. Од Министерсвото за животна средина велат дека чекаат извештај од експертски групи кој треба да покаже како и каде се губи водата, а кој се изработува во соработка со Албанија и со Грција.

Имаме експертски на групи кои одржуваат состаноци со тие експерти од Грција и од Албанија и ќе ве информираме кога ќе имаме детално податоци зошто се губи водата. Во меѓувреме ќе направиме се што е можно да не продолжи оваа состојба, рече Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини

Повлекувањето на водата е особено видливо од северната страна, каде езерото е и најплитко и каде брегот е поместен за над 500 метри во должина.

40 проценти од водата на Охридското Езеро доаѓа од Преспанското Езеро. Знаеме дека ова е теренската состојба во Преспа. Треба да се види дали подземните води кои се користат за земјоделие имаат негативно влијание на Преспанското Езеро, додаде Нуредини

Пред десетина години, тогашната локална и централна власт, реализираше повеќе значајни проекти за заживување на туризмот долж Преспанската ривиера, но и за заштита на езерските води. Поради повлекувањето на водата и неодржувањето од овие инвестиции не е останато речиси ништо.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста