Налепници со зборовите „еден народ сме„, со бугарско и македонско знаме осамнаа низ Скопје

Еден народ сме – налепници со ваков текст и споени македонско и бугарско знаме осамнаа во главниот град.  Преку герила акција низ скопските улици отворено се промивира бугарската теза според која Македонците и Бугарите биле еден народ во две држави. На социјалните мрежи се споделуваат и видеа на кои граѓаните гневни ги отстрануват од јавните површини каде се залепени. И додека низ Скопје се шири новата провокација со налепниците, се уште е актуелна информацијата дека Комитетот за политики за Бугарите во странство годинава се одвоил 400.000 евра за за поддршка на организациите на бугарските заедници во Албанија, Србија, Косово, Молдавија и граѓаните на Македонија со бугарски идентитет. Ако во 2020-та биле одвоени дури 250.000 евра, за 2021 година биле поддржани 40 проекти, а сумата е зголемен на 300.000 евра.

 А случајно или не ваквата провокација се случува токму денеска кога во Скопје требаше да допатува и бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во уште една рунда преговори, чие  доаѓање беше одложено со образложение дека заедно со министерот Бујар Османи средбите ги оддржуваат во Брисел.

Оттука се наметнува и прашањето дали далеку од очите на јавноста, без присуство на медиумите, македонската влада и бугарските власти во Брисел кројат решение за билатералниот спор, кои ќе значат и нови отстапки за Македонија. Иако високиот европски претставник Жозеп Борел од Скопје ја оспрати јасната порака дека Брисел нема никакви ветувања за почнување на преговори туку само волја за решение, македонската влада оптимистички најавува придвижување на преговорите со Бугарија. 

Поранешниот амбасадор во Бугарија Марјан Ѓорчев за Алфа вели нашиот пристап е погрешен во преговорите се додека власта транспарентно не каже за што преговара со Бугарија.

А не е само Османи оној кој далеку од македонска територија се одлучува да преговара со бугарската страна. Пред само две недели и поранешниот премиер Зоран Заев во Анталија се сретна со бугарскиот премиер Кирил Петков за да разменуваат мислења за односите меѓу двете земји, иако не е јасно во кое својство Заев преговара со Петков. Бугарскиот премиер не верува на ветувањата на македонските власти, па експлицитно бара гаранции дека Бугарите ќе станат декa од македонскиот Устав.

Ивана Соколовиќ Најдова