Арсовска предупредува: Општините можат да останат без струја, ЗЕЛС чека средба со Владата

Локалните власти може да останат без струја, а централната власт не презема ништо. Од ЗЕЛС велат дека три месеци чекаат одговор од Владата за предлог – мерките со кои треба да им се помогне со екстремно високите сметки за електрична енергија.

Веќе три месеци немаме одговор. Побаравме состанок за на маса да се образложи на УО кој брои 22 члена од редот на градоначалниците на Македонија и последната информација која ја имаме, тоа беше побарано пред од прилика 10-тина дена е дека некаде меѓу денеска и 23-ти дека ќе испорача Владата термин кога ќе може да се седне да се разговара, рече градоначалничката на Град Скопје и претседател на ЗЕЛС Данела Арсовска

Општините набавуваат струја на слободниот пазар па нивните сметки се и 5, па и 10 пати повисоки во споредба со минатата година

Секако дека тоа ќе биде пречка која што дел од проектите и дел од нашата  визија ќе биде пролонгирана на одреден период, но ние не се откажуваме. Она што сум се обврзал да го реализирам останувам позади тоа, вели градоначалникот на Општина Кисела Вода Орце Георгиевски.

На удар се и јавните претпријатија кои и до сега тонеа во наследени долгови, а моменталната ситуација дополнително создава проблеми. Од ЈП Комунална хигиена велат дека во од ги менуваат оперативните планови со цел да заштедат.

Треба да знае и Владата дека во оваа новонастаната ситуација треба да им помогне на претпријатијата бидејќи проблемите се сериозни. Не се само наши, се и светски проблеми , очекуваме помош, истакнува директорот на ЈП Комунална хигиена Зухди Енуз

Премиерот  се согласи да се сретне со ЗЕЛС, но им замери дека не предвиделе средба во Буџетот на време и дека треба одговорно да трошат.

И додека општините, кои во најголем дел се раководени од опозициски кадри, бараат помош, централната власт не само што не ги зголеми туку и ги намали дотациите од државниот буџет – оваа година се предвидени 4 милиони евра помалку од лани.

Кристина Алексиеска