Преспанското езеро или апокалипса денес

Водите на Преспанското езеро и натаму драматично се повлекуваат, а денешните впечатоци во нашиот репортерски запис од Сливница и Претор, можат да се опишат со два збора- апокалипса денес. Преспанскиот брег на некои места е соголен и по петстотини и повеќе метри, особено кај Езерани, Перово, Асамати и Сливница, каде алгите се распаѓаат и водата целосно се исцедува. Според некои статистики, ова е најниското ниво на езерото од 1917 година кога започнало мерењето, а во оваа еколошка катастрофа се проценува дека се отидени барем седум Дојрански езера. Ретките посетители, денеска не ги криеја своите емоции.

  • Многу тажно. Жално е да се види оваа слика, а езерото го паметам уште како дете, еднаш се повлече па се врати  и сега пак истото- рече Ненад Николовски од Скопје.- Сигурно има повеќе причини- глобално затоплување на климата, истекувањето со понирањето кон Охридско езеро, наводнувањето и извлекување на вода од околните села- рече неговиот колага Васко Густовски.

Ресенскиот градоначалник вчера во Ресен оствари средства со ресорните министри за земјоделство и екологија и сега се спрема целосна информација за тукашните состојби, што ќе биде поднесена на седница на Владата. Од таму, за идната година се очекуваат средства со кои ќе се поддржат експертски проекти со кои ќе се дадат насоки, во кој правец да се движат активностите за спас на езерото. Дали ќе се користат искуствата од Дојран, ископување на бунари или некои трети солуции, ќе кажат експертите, меѓутоа, мора да се има предвид дека овој проблем е трилатерален на трите држави- Албанија, Грција и Македонија.

  • Последниот податок што го имаме од нашата мониторин станица е дека нивото на водата е на кота 843, односно 12 метри под максималната кота 855 што беше измерена во 1967 година. Навистина, една алармантна ситуација, меѓутоа проблемот мора трипартитно да се реши заедно со Република Грција и Република Албанија ние го делиме ова езеро- рече ресенскиот градоначалник д-р Живко Гошарески.

Тука со месеци не заврнал дожд, а климатските, човечките и други фактори си го сторија своето.

  • Покрај глобалните промени кои директно рефлектираат со исклучително ниски врнежи во преспанскиот регион, сепак, има еден проблем за кој се зборува и молчи во оваа трилатерална соработка околу Преспанското езеро. Имено, реката Девол се пренасочува со своите водотеци во Корчанско поле, а таа тука како најголема река не ги носи водите во ова езеро.

Петар Стефановски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста