Кризна состојба без план? – Колку ќе чини лекувањето во приватна болница и кој ќе плаќа?

Под кои услови и на кој начин ќе се користат приватните здравствени установи од страна на државата за лекување на пациенти заболени од Ковид-19? Ако државата плаќа 30отсто дали тоа значи дека пацинетот во приватна клиника треба да го плати остатокот од цената? Поконкретно колку би го чинело еден  пациент со ковид кој ќе се лечи во приватна клиника, каде услугата за десетдневен третман досега беше најмалку 12.000 евра? Владата без никаков план.

Директно ги прашавме во Министерството за здравство: Под кои услови и на кој начин ќе се користат приватните здравствени уставови и која е пазарната цена на услугата или државата ќе одреди друга цена? На овие прашања од министерството прецизен одговор одговор не добивме. Велат дека Центарот за управување со кризи допрва треба да направи целосен преглед на материјално техничките и човечките ресурси со кои располагаат приватните болници, а кои ќе бидат ставени во функција на лекување на ковид пациенти за одреден надоместок. Детали за користење на ресурсите на приватните болници, на МВР и Aрмијата и начинот како истите финансиски ќе бидат регулирани до крајот на денот.

Алфа ги контактираше приватните клиники. Од Аџибадем Систина се уште немаат изградено став.Од Жан Митрев велат дека ја ставаат клиниката на располагање на државата за лекување од ковид-19 но очекуваат детали и насоки од владата.

телоп: Академик д-р Жан Митрев

“Уште од самиот почеток на пандемијата во месец март, ние понудивме 40 болнички кревети за интензивна нега за потребите на државата.Во меѓувреме ситуацијата со бројот на ковид-19 пациенти ескалираше. Свесни сме дека состојбата е тешка и со месеци наназад, како во јавното здравство така и кај нас, имаме огромен притисок од пациенти, нема слободен кревет и има листа на чекање која секојдневно се зголемува. Околу разработка на дополнителни детали стоиме на располагање и очекуваме понатамошни детали и насоки од надлежните.“ – извести денеска Митрев.

Капацитетите на приватните болници ќе ги менаџира државата. Но, како ќе се одвива тоа, каде пациентот треба да оди ако нема место во државните клиники и инфективни одделенија и каква ќе му биде сметката на крајот од лекувањето допрва ќе се утврдува.

Ања Василева

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста